Истражувањата покажале дека таму кадешто има паразити и кадешто владеат лоши хигиенски услови, односно, во сиромашните земји, нема ниту една болест од која боледува современото човештво.
Чувањето куче дома, бакнувањето, консумирањето на храна која паднала на подот … се некои од решенијата како да се бориме против алергиите!
Звучи како нешто да сме згрешиле? Не, не е грешка! Еве што велат стручњаците за тоа зошто се алергиите во таков пораст што имаат дури и епидемиски размери и што ги предизвикува денес најмногу.
Стручњаците предупредуваат дека современото друштво станало толку оптоварено со чистота, што повеќе не доаѓаме во контакт со работите кои се клучни за добро функционирање на нашиот имунитетен систем.
Алергиските болести кај нас добија веќе епидемиски размери. Денешните деца имаат се повеќе алергии, боледуваат од астма, егзем, интолеранција на одредена храна, како и од поленска грозница.
Секоја година се зголемува бројот на луѓе кои ги имаат овие проблеми, а стручњаците тврдат дека до 2021. Година речиси секое дете уште од раѓање ќе го има овој проблем.
Според стручњаците, модерното доба, претераната чистота и животот под стаклено ѕвоно придонесле за развој на се поголем број на заболени.
Според нив, чистотата е половина здравје, но нечистотијата е онаа другата половина од здравјето.
Купете куче!
Некои алерголози на родителите на децата со егзем им советуваат да купат куче, како превенција од добивањето на астма подоцна во животот.
Изложеноста на домашни миленици уште од најрана возраст (до третата година) го намалува ризикот од појава на алергии кај децата. Особено ако растат со куче, децата се изложени на нечистотија и на бактерии во раниот живот што им создава ран имунитет.
Наспроти ова, децата на почеток од животот се се помалку изложени на бактерии што довело до вистинска експлозија на алергии. Мешавината на добри бактерии во цревата на децата го намалува ризикот од настанување на тие болести, објаснуваат овие алерголози.
Пластика, мобилни телефони и ви-фи прекинувачи?!
Од друга страна, некои лекари сметаат дека се појавиле потполно необични поттикнувачи на алергиските реакции. Според нив, егземите и астмата со кои се соочуваат денеска се попроблематични од кога и да е.
– На пример, пластичната амбалажа има естрогенски својства, а естрогените се хормони кои го фаворизираат настанувањето на алергиски реакции. Брзата храна исклучително влијае на настанувањето на алергиски болести, како и пушењето. Малку се зборува за тоа дека на настанувањето на алергии кај некои луѓе влијаат разни зрачења – од мобилните телефони, безжичниот интернет… – предупредуваат тие.
Порано се сметало дека се алергични само оние кои имаат некој сродник со овој проблем. Меѓутоа, најновите истражувања покажуваат дека алергии добиваат и оние кои немаат генетска предиспозиција за тоа, што ги поттикнало генетичарите со најнови методи да утврдат од каде навистина поттекнува овој проблем.
Сиромашните не добиваат астма
Некои стручњаци тврдат дека само средната и повисоката класа имаат алергиски болести и астма. Истражувањата покажле дека таму кадешто има паразити и кадешто владеат лоши хигиенски услови, нема алергии, дијабетес и автоимуни болести. Практично, во сиромашните земји нема ниту една болест од која боледува современото човештво. Тие имаат други болести. Оваа теорија јасно покажала дека не треба да се биде премногу чист и дека на децата треба да им се дозволи малку да се извалкаат затоа што на тој начин го јакнат имунитетот.