Текстот во рубриката Стигнавме на дното е преземен без интервенции од порталот Think.
Доколку САД и Русија започнат нуклеарна војна, кој ќе победи? Одговорот можеби ќе ве изненади.
Под аминистрација на Обама, американскиот стратешки нуклеарен арсенал слабее. Во меѓувреме, Русите развија потполно нова генерација на бомбардери, подморници и проектили кои се способни да направат апсолутна штета.
На сите им е јасно дека доколку дојде до нуклеарна војна, целиот свет ќе биде уништен. Но Русија одлучи да доколку дојде до тоа, тие да излезат како победници.
За почеток, јасно да ви укажеме дека Русија ќе биде победникот, не само поради тоа што поседува повеќе стратешки нуклеарни боеви глави кои америка ги има само 1.642, туку и поради фактите кои ќе ги прочитате во продолжение.
1. Русија троши огромни пари се со цел да ги унапреди стратешките бомбардери. Малку се знае за нивните невидливи бомбардери, кои се невидливи на радар. Тие можат да носат конвенционални и нуклеарни проектити, а ќе се пронајдат во служба во 2025 година.
2. Руските нуклеарни бомбардери редовно ги надлетуваат подрачјата над северна Европа и брегот на Алјаска. Рустие изгледа дрско ја тестираат одбраната на НАТО.
Шест руски авиони, вклучувајќи ги и Bear H нуклеарните бомбардери, два MiG-32 борбени авиони и два Il-78 танкери за дополнување беа пресретнати од F-22 борбени авиони во средата западно и северно од Алјаска во зоната на воздушната одбрана.
3. Рускиот министер за одбрана. Сергеј Шојгу, изјави дека руските нуклеарни бомбардери ќе спроведуваат редовни патрроли во западниот дел на Атланскиот океан и источниот дел на Пацификот, но и во делот на Карибите и Мексиканскиот залив.
4. Русија изработува антибалистички систем на проектили кои ќе бидат помоќни од сите оние кои ги поседува САД.
S-500 проектилите, кои моментално се фо развојна фаза, ќе бидат способни да пресретнат интерконтинентални балистички проектили во комбинација со радарот A-100 AWACS. Се смета дека ќе можат да следат и погодат 10 мети побрзи од звукот на висина до 40 километри.
5. Русија веќе поседува супер тивки, нуклеарни подморници кои буквално не можат да се детектираат кога се наоѓаат под вода. Овие подморници можат да се приближат до брегот на САД без страв дека ќе бидат детектирани. Всушност, една таква подморници пловеше во Мексиканскиот залив неколку недели во 2012 година, и не беше детектирана од страна на морнарицата на САД. Морнарицата на САД отворено призна дека не може да ги следи овие подморници кога се наоѓаат под вода. Тоа значи дека Русија може да се приближи до брегот на САД и да лансира нуклеарки од каде и да посака.
6. За прв пат, Русија има поставено повеќе стратешки нуклеарни боеви глави од САД.
Русија моментално има 1.643 поставени боеви глави на интеконтиненталните балистички проектили, проектили кои се лансираат со помош на подморници и тешки бомбардери. САД, поседуваат 1.642 боеви глави.
7. Рускиот председател Владимир Путин започна голем проект за модернизација на оружејто кое ќе чини околу 540 милијарди долари.