Текстот во рубриката Стигнавме на дното е преземен без интервенции од порталот Денешен.
Бидејќи организаторите на свадби, наплатуваат поскапо за време кога е сезоната на свадби (а и самиот простор тогаш е поскап), вашиот избран датум, ќе ги одреди трошоците на целото славење. Секако дека некои датуми ќе бидат попопуларни за свадба од други, во 2016 година. Денес, ви предлагаме кои датуми да ги погледнете – или кои други датуми, да ги избегнете.
Сабота, 9 април, 2016
За математичарите, нумеролозите и едноставните луѓе кои ги сакаат броевите – 4, 9 и 16 се квадратни броеви и за некои овој датум претставува голем ден за – врзување во чвор!
Петок, 13 мај, 2016
Петок 13, ќе се случи само еднаш во оваа година – во мај. Некои луѓе нема да го изберат овој датум заради верување дека носи несреќа, а другите пак ќе го изберат заради уникатниот датум и празноверје на споменатиот.
Сабота, 28 мај, 2016
Совршен пролетно/летен датум, пред големите жештини.
Сабота, 3 септември, 2016
Првиот викенд во месец септември, секогаш е добар датум за венчавки. Летото е се уште во воздухот, но жештините зад нас!
6. октомври или 6. ноември, 2016
Палиндром е збор, израз или број, кој исто звучи прочитан од лево на десно или обратно. 6/10/16 и 6/11/16 се двата полиндромски датуми кои би ги одушевиле некои парови!
Сабота, 31декември, 2016
Новогодишната вечер оваа година паѓа во сабота, а тоа знаши дека е идеално време за венчавки и влегување во 2017 година!