Текстот во рубриката Стигнавме на дното е преземен без интервенции од порталот Плус инфо.
Дека Ким Кардашијан (33) е голема љубителка на мидери на сите им е добро познато. Колку и да вежба, на старлетата, сепак, и е потребна „помош" нејзината бујна фигура да стои на вистинското место. Дека со мидерот (Spanx) не е баш најлесно, старлетата веќе неколку пати раскажала, но во интервјуто за списанието „Лов" (Love) отишла и премногу далеку.
- Ги обожавам мидерите. Од неодамна почнав да ги носам и супер ми се. Најомилени ми се оние мидер-панталончиња кои имаат дупка на препоните – рекла британската манекенка Кара Делавињ (22) во интервјуто. Ким, која интервјуто го давала заедно со манекенката, тогаш почувствувала потреба да ги раскаже своите искуства со мидерите.
- Oбожавам мидери, тоа сите го знаат, но проблемот е во тоа што секогаш се подмочувам по оние кои имаат дупка на препоните. Мене таа дупка ми е премногу мала, би требало да биде многу поголема да можам да се измочам и да останам сува – рекла Ким. Кара и новинарката малку збунето ја гледале, но Ким се насмеала како да рекла најнормална работа.