Како да го затегнете стомакот со само една состојка

Текстот во рубриката Стигнавме на дното е преземен без интервенции од порталот Maxim.

 


Иако одамна се смета дека пченицата е главна состојка на секојдневните оброци, сепак треба да знаете дека таа е главен причинител за здебелувањето.

Постојат секакви диети и начини на исхрана, отстранување на благо или мрсна храна, но главниот виновник е пченицата.

Тешко е да се отстрани од исхраната таква состојка која е дел од секоја торта, сендвич или парче леб.

Но, постојат некои насоки во исхраната кои ќе ви помогнат за постепено да ги одбирате производите и да знаете што да користите, а што да избегнувате.

Овие состојки јадете ги колку сакате

Зеленчук (освен компир и пченка)
Јаткасто овошје и семки
Здраво масло – маслиново, авокадово, кокосово, сусамово, ореово
Јајца и месо
Сирење – полномасно
Сите преливи кои се без шеќер – сенф, рен, салца, мајонез, оцет, соја сос, лут сос
Ленено семе, авокадо, маслинки, кокос, зачини

Дозволени се мали количини од овие состојки

Максимум 100 g или 100 ml од овие состојки во еден оброк, бидејќи поголема количина може да доведе до покачување на шеќерот.

Млечни производи, освен сирење (млечни протеини може да го зголемат лачењето на инсулинот, но процесот на ферментација го намалува).

Овошје, особено шумско, но бидете внимателни и избегнувајте го она кое содржи многу шеќер (банана, ананас, папаја)

Свежи овошни сокови
Киноа, овес, кафеав ориз (максимум 50 g по оброк)
Грав, грашок, компир
Производи од соја

Овие состојки треба да ги избегнувате

Производи од пченица
Нездрави масла – хидрогенизирано, полинезаситено (сончогледово и соино)
Храна без глутен. Таа се прави од скроб од кој шеќерот се качува, повеќе отколку од пченицата.
Сушено овошје
Пржена храна
Слатки со многу шеќер – чоколадо, сладолед, енергетски бисквити
Засладувачи кои се полни со фруктоза и мед
Преливи кои содржат шеќер, како на пр. шеќерот.

13 февруари 2015 - 17:04