Исус и Богородица се појавија на облак во Швајцарија?!

Текстот во рубриката Стигнавме на дното е преземен без интервенции од порталот Фаланга.

На фотографијата се прикажува како од левата страна е темна контура на Исус, додека од десната Богородица стои во розев фустан.

Автомобил на „Google Street View“ на небото во Швајцарија забележал контури на Исус Христос и Богородица, кои мирно стојат на еден облак.

На сајтот „Google Earth“ може да се забележат повеќе бизарни снимки, но можеби една од најчудните ја забележа автомобилот на „Google“ на автопат во Швајцарија.

На фотографијата која што е издвоена од снимка, се прикажува како од левата страна е темна контура на Исус, додека од десната Богородица стои во розев фустан, со наведната глава и раце подготвени за молитва.

Скептиците се сомневаат во веродостојноста на оваа фотографија и мислат дека е направена по грешка во текот на снимањето.

23 мај 2014 - 11:19