Текстот во рубриката Стигнавме на дното е преземен без интервенции од порталот Think.
Без оглед на Сончевиот зодијачки знак секој човек во некој момент од животот е во ситуација да се најде пред избор – да се ризикува или не.
Прочитајте што зборува Астрологијата за обложувањето, игрите на среќа, хазардот, но и за прифаќањето на ризикот на поединечни зодијачки знаци во животот.
Овен
Вие сте личност од акција која секогаш е спремна да го превземе ризикот. Можноста за брзо враќање на вложените пари е нешто што секако ќе го привлече нетрпеливиот Овен. Но тој е доволно мудар, па не влегува во шемата на брзо и лесно богатење. Овенот мора да научи да ја контролира својата импулсивност. Никогаш не вложувајте ги парите кои не смеете да ги изгубите; не купувајте работи од кои брзо ќе се заситите, што често ви се случува. Размислете за вложување во недвижнини. Среќни денови ви се недела и вторник, а среќни броеви 1 и 3.
Бик
Не сакате да се разделите од тешко стекнатиот имот. Освен кога ризикот постои, но добивката е загарантирана. Ако сепак сакате еден дел од парите да вложите, а можноста за ризик да ја сведете на минимум, побарајте совет од финансиски стручњак. Избегнувајте сомнителни потфати. За вас се мора да биде добро испланирано и организирано. Ако играте игри на среќа ваши среќни денови се среда и петок, а среќни броеви 2 и 6.
Близнаци
Дали ладно Ќе превземете ризик првенствено зависи од состојбата на вашиот осетлив нерврн систем. Променливата природа на Близнаците овозможува честа промена на интересирањата. Сакате да играте итоа најмногу шах, било која игра со карти, а со тоа го вежбате вашиот интелект. Тоа го сметате за пријатен начин да ја изразите својата коцкарска природа. СреЌни денови ви се среда и петок, а среќни броеви 4 и 7.
Рак
Како претпазливо дете на Месечината вие секој ризик гледате да го сведете на најмала можна мерка. Вие повеќе сакате да трошите пари купувајќи разни ситници за дома, отколку да се обложувате. Вие се задоволувате со мала добивка, иако сонувате за седумка на лото. Ако изгубите поголема сума на пари на облог, ќе бидете многу вознемирени иако ќе се трудите да го сокриете тоа. Среќни денови ви е понеделник и вторник, а среќни броеви 2 и 8.
Лав
Личноста родена во знакот на Лав на ризикот гледа као на составен дел од работата, но никогаш како на вид на разонода. Превзема ризик замо во случај ако тоа допринесува за успешен исход од дадената ситуација. Лавот по природа е доверлив играч. ако коцкањето успее тогаш е воодушевен, но ако изгуби на поразот гледа филозофски. Среќни броеви му се 1 и 5, а среќни денови недела и четврток.
Девица
Како практична и прецизна личност вие по прашањето на ризикот и коцкањето сте многу внимателни. Вие вредно работите за да заработите и не ги одобрувате ризичните потфати. Вие сакате да играте на сигурно. пред превземањето на било каков ризик ги проверувате сите релевантни факти, било да се финансиски или љубовни авантури. Секогаш мора да знаете што се случува зад сцената пред да ги вложите парите. Среќни броеви ви се 4 и 10, а среќни денови среда, петок и сабота.
Вага
Вие на коцкањето гледате како на вид на забава, но не сте многу заинтересирани да му се предадете. Вие во животот сте во потрага за рамнотежа, па превземањето на непотребен ризик за вас е вознемирувачко. Доколку посакувате малку возбудување, голема е веројатноста дека ќе излезете како победник, ако само малку ја слушнете вашата инспирација и интуиција. Искористете ги приликите кои изненадно ви се укажуваат. СреЌни броеви ви се 6, 9 и 11, а среќни денови петок и сабота.
Скорпија
Вие сте решителни во тоа да морате да постигнете успех во се што ќе превземете, а тоа подразбира и ризични потфати. Кога е во прашање коцката вие веројатно ќе се одлучите на една единствена игра од која нема да се откажувате. Доколку претрпите неуспех или губиток, било на коцка или во љубовта, вашето лице сепак останува без изразени емоции. Стоички го поднесувате поразот. Вашата храброст во ризични ситуации исто така е импресивна. Среќни денови вторник и петок, а среќни броеви ви се 8 и 12.
Стрелец
Никој не се прави толку важен при превземањето на ризикот од вас. Вие сте решителни кога треба да се испробаат новините и имате доверба дека вашите напори ќе вродат со плод. Вие уживате во се што бара акција. Некои Стрелци се познати како страствени и непоправливи коцкари, но сепак тоа не значи дека се неизлечиви случаи. Сепак кај многу Стрелци е присутна, понекогаш и скриена, оваа страст. Среќни денови вторник и четврток, а среќни броеви им се 5 и 7.
Јарец
Личноста родена во знакот на Јарец не се сложува околу расфрлањето на тешко стекнатите пари. Тие побрзо ќе се одлучат за вложување во недвижнини или некој бизнис кој ветува. Но иако не ужива да ризикува со своите пари, сепак ужива да ги гледа другите каде што се коцкаат. Ако се обиде да се коцка ќе ја ограничи сумата која може да ја изгуби и нема да се грижи за тоа. Среќен ден му е сабота, а среќни броеви 4 и 2.
Водолија
Необично е да се најдат луѓе родени во овој знак кои се луди по коцкањето или ризикот воопшто. Иако понекогаш можеби ќе уживаат во посета на коцкарница во друштво со пријателите, сепак нема даризикуваат поголема сума на пари. Поголемо задоволство ви причинува набљудувањето и анализирањето на другите кои уживаат во игрите. Вашиот интерес е првенствено насочен кон психолошката страна на ова појава. Среќни броеви ви се 3 и 8, а среќни денови среда и сабота.
Риби
Вие од време на време ќе уживате во мали обложувања, но поголемо задоволство ќе ви ппручи набљудувањето на оние кои сакаат голем ризик. Вие повеќе сакате да ги потрошите парите купувајќи билет за театар или книга. Анализирањето на ликовите на коцкарите за вас претставува вистински предизвик. Повеќето Риби побрзо ќе превземат ризик во љубовта отколку со парите. Среќни денови понеделник и вторник, а среќни броеви 5 и 9.