Хокинг предупредува: Доколку сретнете вонземјани не комуницирајте со нив!

Текстот во рубриката Стигнавме на дното е преземен без интервенции од порталот Актуелно 24.

 

 

Познатиот физичар Ствен Хокинг во последно време е окупиран со проектот Breakthrough Listen кој подразбира исклучително чувствителни радиоресивери кои би служеле како трагачи за вонземски цивилизации.

Исто така, постои и сродна програма Breakthrough Message, која е базирана на комуникација во спротивната насока, односно од Земјата кон потенцијалните вонземски цивилизации.

Сепак, програмата подразбира да не се испрати ниту една порака додека не се изведе голема дебата на светско ниво, на која би се разговарало за потенцијалните опасности што ги носи овој потег.

Според Хокинг треба да се биде многу внимателен околу воспоставувањето контакти со други цивилизации.

Тоа е разумна идеја, бидејќи аргументот кој го дава Хокинг е дека во средба со вонземјаните човештвото би играло улогата на Ацтеките, кои би биле колонизаторите од Европа.

„Вонземјаните веројатно би биле многу напредни од нас, и ќе гледаат на нас како што ние ги гледаме бактериите“, вели научникот Хокинг.

Од друга страна, пак, стравот на Хокинг се заснова на човечкото однесување и историјата која сведочи дека послабо развиените секогаш страдаат.

Оптимистите сметаат дека вонземската цивилизација не мора да ги има сличните карактеристики како човештвото.

30 ноември 2016 - 09:12