Српската фолк пејачка Гога Секулиќ деновиве е во екот на промоцијата на својата нова песна „На тебе да не личи“, со која се натпреварува на вториот фестивал на „Пинк“, пишува српскиот портал „Опера – 17“.
Гога веќе неколку дена работи на својот настап, кој ќе биде интересен бидејќи ќе има придружна кореографија и интересна сценографија на големата сцена на „Пинк“.
Изгледа дека решила малку да си поигра со својата фризура, барем така може да се заклучи врз основа на фотографијата која денеска ја објавила на социјалната мрежа Фејсбук, бидејќи на неа изгледа како да го избричила едниот дел од главата.
Но, можеби станува само збор за отсјајот кој направил нејзината нова фризура така да изгледа на фотографијата.