Текстот во рубриката Стигнавме на дното е преземен без интервенции од порталот Пулс 24.
Француските служби соопштија дека е пронајден мобилен телефон за кој се верува дека го користел еден од напаѓачите во Париз минатиот петок.
Инспекторите се сигурни дека покрај Салах Абдеслам и неговиот брат Брахим кој се разнел на местото на нападот, постои и трет маж кој допрва треба да се идентификува.
Како што се наведува во телефонот е пронајдена порака „ОК, ние сме подготвени“.
Француските инспектори врз основа на видео снимка потврдиле дека во автомобилот користен во пукањето во париските ресторани и барови минатиот петок се наоѓале тројца мажи и дека сега се трага по уште еден неидентификуван маж.
„Тројца се наоѓале во црн сеат од кој пукале на рестораните и терасите на баровите“, кажаа изворите.
Инспекторите сега се сигурни дека покрај Салах Абдеслам, кој го бара полицијата, и неговиот брат Брахим кој се разнел на местото на нападот, постоел и трет маж кој допрва треба да го идентификуваат.
Во меѓувреме, француската полиција денес објавила фотографија на еден од бомбашите-самоубијци кој се разнел пред стадионот во Париз, повикувајќи сведоци да се јават ако имаат какви било информации.
Инспекторите веќе утврдиле дека на него властите во Грција веќе му земале отпечатоци од прстите во октомври, но и дека неговиот идентитет останува нејасен.
Во близина на неговото тело е пронајден сириски пасош кој му припаѓал на војник од силите на сирискиот режим кој бил убиен неколку месеци порано.