Текстот во рубриката Стигнавме на дното е преземен без интервенции од порталот Нане.
Соберете ги бројките од свадбата (денот, месецот и годината), сè додека не добиете едноцифрен број, а во продолжение прочитајте што истиот открива за вашиот брак.
Број 1 – Совршена романса
Бројот 1 е управуван од Сонцето, што покажува дека овој брак е цврсто изграден на меѓусебната заедничка доверба и оптимизамот. Изборот на овој датум открива еден нежен и романтичен пар, кој многу се сака.
Број 2 – Причината за бракот се децата
Со бројот 2 владее Месечината, што значи дека постојат две можност, да се има брак исполнет со страст или просечен и скромен. Иако емоционалната зрелост е најважна за успехот на еден брак, поголемиот дел од оние кои склучиле брак на овој датум, го направиле тоа само заради децата како причина.
Број 3 – Брак од можен интерес
Со бројот 3 управува Јупитер, а ова означува дека тој датум е идеален за склопување брак од материјален интерес. Од овој брак не може да се очекува премногу од аспект на љубовта, но со сигурност ќе биде крунисан со многу деца.
Број 4 – Вечна верност
Сатурн е владетел на бројот 4, а ова најчесто открива дека станува збор за пар кој добро размислил за сите одговорности и секогаш има решение за секој брачен проблем. Овие двојки секогаш ги следат многу успеси и голема љубов.
Број 5 – Важна е комуникацијата со партнерот
Број 6 – Бракот е најважната работа во животот
Венера е одговорна за успехот на овие бракови, кои очигледно се раѓаат и градат врз неверојатна љубов, нежност, среќа и мир. Партнерите во овој брак се секогаш верни, бидејќи ова е нешто многу важно за нив.
Број 7 – Неопходни се промени во плановите
Непредвидливиот Уран е одговорен за овој брак, при што одлуките донесени во истиот не секогаш може да бидат правилни и мудри, бидејќи станува збор за двајца партнери кои сакаат доста лична слобода, па затоа изненадувањаата се неизбежни. Промените се единствената константа во овие бракови.
Број 8 – Брачната среќа се крие во интимните односи
Сложноста на овие парови ја определува Марс, па затоа не никакво изненадување што среќата на бракот зависи токму од интимните односи. Партнерите се разбираат со еден поглед, нешто што започнува уште од самата прва средба. Затоа и се неверојатно сложни во секој момент од секојдневието.
Број 9 – Љубовта ги победува сите проблеми
Непутн управува со бројот 9, кој уште од сам почеток покажува дека станува збор за тешка и сложена врска, односно партнерите поминуваат низ многу искушенија, а кога еднаш ќе стапат во брак, истиот е судбински и тие никогаш повеќе не се разделуваат.