„Ѕвездите на Гранд“ заминува во историјата, но она што следува е нешто невидено досега

Текстот во рубриката Стигнавме на дното е преземен без интервенции од порталот Maxim.

Извор близок на продукцијата која го подготвува едно од најгледаните музички талент шоуа во регионот –  „Ѕвездите на Гранд“, ексклузивно открива дека по повеќе од десет години емитување, ова шоу повеќе нема да постои.

Директорот на продукцијата „Гранд“ Саша Поповиќ одлучил од септември да го укине шоуто „Ѕвездите на Гранд“, но ќе започне нов проект, во кој исто така ќе се натпреваруваат млади таленти.

Новиот проект, според изворот, ќе биде нешто досега невидено. Во него ќе остане истата жири-комисија која во моментот е во „Ѕвездите на Гранд“,  засилена со по некое ново име.

За оваа цел ќе започне да се гради и ново студио, а продукцијата се надева дека овој проект ќе ги помести границите. И самиот Саша Поповиќ, изјавил дека никој во светот не видел такво нешто, какво што тој подготвува.

 

22 мај 2016 - 18:37