Ѕвездата на Беверли Хилс ја избричи главата

Текстот во рубриката Стигнавме на дното е преземен без интервенции од порталот Идивиди.

Шенон Доерти има нов изглед. Ѕвездата на серијата „Беверли Хилс“, која во септември 2015-та откри дека се бори со рак на дојката, ја документираше својата трансформација на Instagram со серија фотографии.

-Јадам правилно, вежбам и се трудам да останам позитивна за својот живот. Благодарна сум му на своето семејство, пријателите и докторите за поддршката, како и на моите фанови кои се покрај мене, изјави тогаш Шенон.

Актерката ја направи промената на имиџот заедно со нејзината мајка Роса и пријателката Ен Кортрајт – Шилстат.

Ен ја подржа и со свој пост на Instagram.

-Не можам да бидам погорда на тебе. Твојата сила и храброст се многу инспиративни и многу сум среќна што те имам во својот живот. Ти благодарам што денес слепо ми веруваш во тоа да ти помогнам со овој голем чекор. Засекогаш ќе бидам покрај тебе без разлика на сè, напиша таа на својот профил.

21 јули 2016 - 23:03