Текстот во рубриката Стигнавме на дното е преземен без интервенции од порталот А1он.
Машко и женско лице половина час пред полноќ недолично се однесувале во ресторан во центарот на Скопје, информира МВР.
Случајот во полиција бил пријавен 40 минути по полноќ. Машкото лице фрлило две менија на земја и по пет минути заедно со женското лице го напуштиле ресторанот без да ја платат сметката.
Вработената излегла по нив со сметката и им укажала дека не платиле, но машкото лице почнало да вика и да тврди дека ја платиле сметката и дека некој ги украл парите. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.