Текстот во рубриката Стигнавме на дното е преземен без интервенции од порталот Интересно.
Милијардерот Трамп напиша неколку твитови и за Македонија на својот Twitter профил. Неверојатно, зар не? Што би му значела толку Македонија на човеков, освен она што нашата македонска дијаспора би била многубројна и би гласале за него?
„Откако ќе ја средам Америка, Македонија ќе ја направам да биде прекрасна за првпат".
„Не ги сакам илегалните емигранти, а work&travel студентите од Македонија што никогаш не се враќаат назад, се фантастични и ги обожавам".
„И додека сме кај Македонија, сакам да најавам дека градам хотел во Дојран"!
Сепак, ова е официјалниот профил на Доналд Трамп, и тоа ги прави веродостојни изјавите, а не веруваме дека е монтажа. Слободно проверете ги твитовите на неговиот профил на Twitter.