Текстот во рубриката Стигнавме на дното е преземен без интервенции од порталот Репортер.
Дипломираше Вељко, синот на српската пејачка Цеца Ражнатовиќ. Вељко, кој неодамна се ожени со својата девојка Богдана, дипломираше на Факултетот за менаџмент и економија во Бања Лука. Убавата вест ја сподели Цеца на социјалните мрежи.
/https%3A%2F%2Freporter.mk%2Fwp-content%2Fuploads%2F2019%2F12%2F271169_bogdana-rodic_ff.jpg)
„Вељко и Богдана во моментов се наоѓаат во Бања Лука. Тој вчера ја бранеше својата дипломска работа и морам да кажам дека многу сум горда на него“, изјавила Цеца.
Синот на Цеца откри дека тој и неговата сопруга Богдана ќе добијат син. Веста за полот на бебето Вељко ја откри два дена по свадбата, за која сè уште пишуваат медиумите.
/https%3A%2F%2Freporter.mk%2Fwp-content%2Fuploads%2F2019%2F12%2F277129_ceca-raznatovic-damir-dervisagic_ff.jpg)
„Ќе се роди Жељко Ражнатовиќ по вторпат!“, рекол Вељко и потврдил дека неговиот син ќе го носи името на татко му Аркан.