Текстот во рубриката Стигнавме на дното е преземен без интервенции од порталот A1.
Народот верува дека секој ден во неделата има значење и дека некои работи треба да се прават само во одредени денови.
Понеделник се смета за најсреќен ден во неделата и се верува дека детето кое ќе се роди овој ден ќе има голем успех во животот. Ова е среќен ден за нова работа, но не и за големи патувања. Не позајмувајте пари затоа што се верува дека нема да бидат вратени.
Според верувањата, вторник не е добар и се советува овој ден да не почнувате никаква работа. Не е добро да преговарате за женење или мажење.
Во вторник не се крштева ни венча, а и не се перат алишта.
Среда се вбројува во среќните денови кога може да се почне со работа, тргне на пат, а децата родени тој ден ќе бидат напредни и здрави. Во некои наши краеви среда се замислува како светица, па може да се слушне и изразот Света Среда...
За четврток често во народот може да се слушне „Сите денови се добри, но четврток е најдобар“. Тој ден се прават подготовки за свадба, се работи на нивите.
Петок е ден за завршување на започнатото, а тогаш ништо не се позајмува. Тој ден на трпезата не се изнесува ништо од млеко, а според народните верувања во петок не треба да се чешлате затоа што боли главата и косата побрзо ќе ви стане седа. Христијаните исто така постат во петок.
Сабота е ден кој им се посветува на покојните и се палат свеќи.
Недела се смета за свет ден, се облекува убава облека и се оди во црква, не се прави ништо и отстапувањето од тоа строго се казнува.