Текстот во рубриката Стигнавме на дното е преземен без интервенции од порталот Вистина.
Минатата недела во медиумите како бомба одекна веста за раскинувањето на поп-пејачот Влатко Лозаноски и неговата долгогодишна девојка Савка Грачанин, па наместо свадба, се случи разделба.
Оваа недела пак, наместо со заобиколување и прикривање на вистината од јавноста, се случи уште една разделба од „пошироки размери“, односно нова врска меѓу познатата струмичка модна блогерка Љупка Митрова и победникот во реалното шоу „Големиот Брат“, Дарко Петковски – Спејко.
Атрактивниот кумановец извесен период преку социјалните мрежи делумно откриваше дека има нова девојка, но нејзиниот идентитет тогаш го држеше во тајност. Сепак, љубовниот пламен за многу брзо време го натера на сите да им покаже со кого е во љубовна романса, а истото го направи и Љупка, која веќе неколку дена на своите обожаватели и следбеници им ја промовира новата љубов.
Нејзината фотогалерија веќе е преполна со нови заеднички фотографии, од романтични вечери, до ноќни авантури во автомобилот на кумановскиот љубовџија…
Имено, познато е дека Митрова беше во долгогодишен брак од кој им две малечки ќерки, па за да нема дилеми, на својот Фејсбук по објавата на порталот „Струмицаденес“ дека на брачната заедница на Љупка и дошол крајот, таа и официјално преку коментар ги потврди гласините дека нејзиниот нов сакан навистина е Дарко.
Љупка за брзо време заврти нова страница од животот и ги избриша сите фотографии со сопругот, а ги задржа само оние со ќерките, но и таквите со кумот на сега пропаднатиот брак, актуелниот премиер Зоран Заев.
Кумството пропадна, а Заев остана без згодната кумашника, која сега цели на кумановска територија. Еј море куме бре, кумството „ти изгоре“…!!!