Текстот во рубриката Стигнавме на дното е преземен без интервенции од порталот Бркај работа.
Српската пејачка Дуња Илиќ неодамна го кажа субдоносното „ДА“ а нејзината неодамнешна венчавка беше пример во јавноста, со оглед на тоа што се омажи без никаква најава.
Имено, Дуња викендов се омажи за Саша Грујиќ од Врање а младата пејачка пред неколку месеци се пресели во Сараево и ја смени својата вера во ислам со желба да го промени својот дотогашен живот по што се врати во Србија - пишуваат српските медиуми.
Таа неодамна престојувала во Врање каде го запознала својот сегашен сопруг, а љубовта помеѓу нив двајца и по месец дена забавување се заколнаа на вечна љубов. Тие немале време за гламурозна венчавка па овој убав настан го одбележиле во кругот на своите најблиски и пријателите.
Дуња наместо во венчален фустан носела црни панталони бело сако и класични високи потпетици, а косата и била врзана во реп.