Цела Азија се тресе | Земјотрес со јачина од 7,2 степени го уништи централниот дел на континентот!

Текстот во рубриката Стигнавме на дното е преземен без интервенции од порталот Кукурику.

Земјотресот не ја оштети руската воена база во Таџикистан, јави руската новинска агенција РИА Новости, повикувајќи се на изјавите на руското Министерство за одбрана.

таџигистан
таџигистан

Земјотрес со јачина од 7,2 степени според Рихтеровата скала го погоди денеска Таџикистан, а зградите се тресеа дури и во индискиот главен град Њу Делхи, како и во Пакистан, соопшти американскиот геолошки центар.

Портпаролот на таџикистанскиот Комитет за вонредни ситуации, рече дека нема информации за жртви или материјална штета, соопштија агенциите.

Земјотресот не ја оштети руската воена база во Таџикистан, јави руската новинска агенција РИА Новости, повикувајќи се на изјавите на руското Министерство за одбрана.
Епицентарот на земјотресот беше на 111 километри југозападно од Каракул, во ретко населена планинска област.

Жителите на Душанбе за Ројтерс изјавија дека земјотресот е почувствуван во главниот град на Таџикистан, но изјави дека бил умерен.

8 декември 2015 - 11:58