Текстот во рубриката Стигнавме на дното е преземен без интервенции од порталот Вистина.
Фолк пејачката Сузана Гавазова веќе неколку години заедно со сопругот и двете ќерчики живее во Шведска, но често знае да изјави дека многу и негостига родната Македонија и семејството.
Сузе не ретко е на домашен терен, што поради музичките ангажмани, што поради приватни обврски, но секако и од носталгија и потреба да се види со најблиските.
Овој пат за промена, во Шведска на гости и дојде нејзината мајка, која пак пејачката за првпат ја покажа на социјалните мрежи.
Баба Руса на гости, напиша Сузе во објавата каде позираат заедно.
Бабата секако беше најсреќна што некое време ќе може да помине заедно со внуките ио не мора да ги чека да дојдат во Струмица за да ужива во нивната љубов.