Текстот во рубриката Стигнавме на дното е преземен без интервенции од порталот Вистина.
Единствената Македонка која јавно ја промовираше својата скокотлива професија, стриптизетата Ани Георгиева попозната како Ани – „Црна Мачка“ на социјалните мрежи сподели фотографија на која со обете раце се држи за своите гради.
Дали тоа Ани штом се разбуди возбудено забележа дека нешто не и е во ред „балансираната предница“, па се распамети помислувајќи: „Аиииии…. некој ми ги „издишал“ силиконите!!? Или цицлестата танчарка само сакаше да провери дали се’ е на свое место, „предницата центрирана“ онака како што треба, која кај Ани меѓу останатото, не е само дел од нејзината женска убавина и сексапил, туку и дел од телото кој и ја обезбедува егзистенцијата иако таа меѓудругото таа работи и како фото модел и менаџер за продажба во најпознатиот и најдобар македонски секс шоп.
Шегата на старана, не се работи за никава „хаварија“ на бујната силиконска предница на црнкосата секси убавица, туку Ани само на себесвојствен начин сакаше да се пофали со новата декорација на нејзините долги нокти на рацете, обоени секој во различна боја.
Како што неодамна се пофали со новата тетоважа, која рака на срце, тогаш не ја видовме цела зашто не беше довршена, ама сепак, „црната маца“ покажа повеќе од доволно за да ја заскокотка машката имагинација.
Бидејќи стриптизетата не остава ништо на случајност, откако ја заврши уметничката „тату декорација“ која допира до најинтимните зони на нејзиното тело, Ани – „Црна Мачка“ повеќе од смело се соблече па ја покажа тетоважата цела.
Ани го исполни своето ветување – пиштол гола смело да го покаже новото уметничко дело, истетовирано на нејзиното тело! До душа со извесна цензура, криејќи се зад решеткастата визура, која и се најде, па Ани да се снајде да има слободни раце за да го направи голото селфи.
Откако се врати на своето работно место, таа продолжи да си ја врши работата онака како што таа налага: професионално, уникатно и дискретно…
Како што впрочем, гласи и мотото на фирмата за која работи, во моментов според сите пропишани здравствени протоколи…. За случајно потоа, некого да „не го заболи“… И таму кај што не треба!