Американките сакаат задник како на Станија, а Американците го посакуваат

Текстот во рубриката Стигнавме на дното е преземен без интервенции од порталот Вистина.

 Никој не може да и одолее.

Станија Добројевиќ многу пати досега ги покажа своите атрибути и не е чудно што многу мажи уживаат во гледањето на нејзините фотографии. Но интересно е дека и жените ги гледаат со желбата да имаат такво тело, а сега потврдата за ова пристигна и од Америка.

На два Инстаграм профили “Bossgirlssquat” кој го пратат 882.000 луѓе и ”Squatsporaton” кој го пратат 253.000, а на кои се објавуваат фотографии од згодни и атрактивни девојки кои на многумина им служат за пример и инспирација како треба да изгледаат, објавија фотографија од задникот на Станија со коментар “Woow”!

Многу девојки во коментарите напишале дека сакаат задник како на Станија, а мажи дека токму оваа фотографија им го разубавела денот.

Инаку фотографијата од Станија во рекорден рок на споменатите Инстаграм профили постигнала рекорден број лајкови, дури повеќе од 20.000.

Eве за која фотографија се работи!

14 јуни 2014 - 11:13