Текстот во рубриката Стигнавме на дното е преземен без интервенции од порталот Плус инфо.
Мерјем Узерли, најпозната како султанката Хурем, во текот на снимањето на хит серијата „Сулејман Величествениот", запознала, имајќи предвид дека живее во Германија, многу свои колеги од Турција и меѓу нив стекнала и добри пријатели.
Мерјем на својот профил на Фејсбук поставила фотографија со една од нејзините најдобри пријателки Селам Ергенч, која ја глумеше султанката Хатиџе. Двете другарки извесно време се мразеле, па дури и физички пресметувале (најверојатно за потребите на серијата), а денес носат исти шалови и излегуваат на пијалак.
- Имаше времиња кога не бевме добри една кон друга, а денес имаме „partner look". Те сакам Селма – напишала убавата актерка на Фејсбук.