Ако сте го гледале „Педесет нијанси на сиво“, поголеми се шансите да го изневерите партнерот

Текстот во рубриката Стигнавме на дното е преземен без интервенции од порталот Пулс 24.

Според истражувањето, во првите денови на прикажување на филмот, кој во кината стигна на 14 февруари, забележан е пораст на женски членови на онлајн-страниците за запознавање оженети мажи, и тоа за 33 отсто.

img
img

Едно неодамнешно истражување открива дека меѓу жените што го гледале филмот „Педесет нијанси потемно“ постои поголема веројатност дека ќе ги изневерат своите партнери, а причината е многу интересна.

- Со првото продолжение на еротската трилогија се зголеми интересот за груб секс и употреба на секс-играчки меѓу женската популација. Со второто продолжение кај жените се зголеми интересот за дружење со друг маж - се наведува во резултатите од истражувањето, при што се додава дека токму тоа инспирирало илјадници жени да извршат неверство.

Но, тоа не е сè. Голем број испитаници откриле дека секс-сцените во филмот ги навеле на размислување колку нивниот сексуален живот е здодевен, па дури и очаен.

Токму тоа била една од главните причини зошто се одлучиле на неверство, стои во истражувањето.

3 март 2017 - 12:01