Текстот во рубриката Стигнавме на дното е преземен без интервенции од порталот Курир.
Доколку сакате да имате среќа и позитивна енергија во домот, потребно е да ги наместите предметите правилно. Доколку имате нешто од овие предмети и доколку ви се поставени неправилно, веднаш тргнете ги.
1. Огледало свртено кон креветот
Се верува дека огледало свртено кон креветот во спалната соба може да предизвика негативна енергија и караници меѓу партнерите.
2. Црна врата
Црна врата носи несреќа. Може да ја имате само ако гледа кон север.
3. Боцкаво растение
За острите и бодликави растенија се смета дека носат несреќа во домот. Затоа, избегнувајте кактуси и боцкави растенија.
4. Календар
Секако во ред е дома да имате календар, но важно е да ја погодите местоположбата. Календар обесен на врата носи несреќа.
Од друга страна, ако сакате среќа дома имајте свежо цвеќе, бојадисана врата, кревет во дијагонала…