Текстот во рубриката Стигнавме на дното е преземен без интервенции од порталот Црно бело.
Победува оној што силно одлучил да победи, ретко кој ја разбира оваа реченица и ја применува во целост, а тоа е така поради ниската самодоверба на луѓето и неверувањето во себеси.
Но, сето тоа е потребно да се промени доколку навистина сакате да победите барем еднаш во животот, а верувајте откако ќе ја вкусите победата, ќе ви се допадне и ќе започнете да ја консумирате почесто.
Тајната на оваа реченица всушност лежи во откажувањето, односно неоткажувањето од својата победа и покрај неколку изгубени битки, војната не е сè уште завршена, нели?
Зошто тогаш да се откажете?
Откажувањето е одлика на личностите кои не сакаат да победуваат и не веруваат дека баш тие се преодредени во животот да бидат победници.
Вистината е дека никој не е преодредн да победува, секој самиот се предодредува дали ќе биде победник или губитник во животот.
Одбери бојно поле, смисли план, развиј техника и наоружај се со неоткажувањето, а потоа тргни во напрад на секое поле во животот на кое сакаш да извојуваш победа и верувај ќе го освоиш цело поле.
Ќе извојуваш не само еден, туку бесконечно успеси, само доколку не се откажеш, бидејќи губитник е само оној кој решил да изгуби.
Не можеш да изгубиш доколку победата ти излегува пред очи, те обвива во прегратки и те тера да ја гушнеш, таа бега од тебе кога гледа дека не веруваш во нејзината сила, во твојата сила.
Затоа, верувај во себе и запомни, ако сакаш да победиш, не смееш да изгубиш!
Никогаш не се откажувај, изгубено е само она од кое си се откажал.