Текстот во рубриката Стигнавме на дното е преземен без интервенции од порталот Think24.
На овој ден се празнува преносот на моштите на св. Георгиј од Никомидија во градот Лида Палестинска, каде што пострада во времето на царот Диоклецијан. Страдањето на овој прекрасен светител е опишано под 23 април.
Пред смртта св. Георгиј го замоли својот слуга да го земе неговото мртво тело и да го пренесе во Палестина, од каде што беше родум и мајка му и каде што имаше голем имот, кој им го раздаде на сиромасите. Слугата така и направи. Во времето на царот Константин во Лида побожните христијани му изградија на Св. Георгиј прекрасен храм и при осветувањето на храмот во него ги пренесоа моштите на светителот и таму го закопаа. Од чудотворните мошти на св. великомаченик Георгиј се случија големи чуда.
Постои верување дека денес ништо не смее да се изнесува од дома бидејќи во спротивно цела година ќе имате расходи без приходи. Народното верување, исто така, вели дека денес не смее ниту да се преде волна, ниту да се пере. Жените не би требало да везат ниту да работат какви било рачни работи.
Денешниот ден се смета за еснафска слава на чевларите и на кројачите. Пред два века постоеле обичаи кога против уроци на денешен ден требало да се заколе црн петел или црно пиле. Исечената глава се врзувала со врвца некаде на тремот, а нејзина задача била да ги брка волците што доаѓаат зиме.
Според народното верување, зимата доаѓа со Ѓурѓиц, а заминува со Ѓурѓовден (6 мај).