АДИ ПРОТИВ ФИЗИКАТА - СO ДЕЛА ЈА ПОБИ ТЕОРИЈАТА ДЕКА ВИСТИНСКО ДРУГАРСТВО НЕ ПОСТОИ

Текстот во рубриката Стигнавме на дното е преземен без интервенции од порталот Естрада Плус.

Фолк пејачката Ади - Андријана се почесто е во Охрид, а причините се и повеќе од јасни.Имено, Ади веќе подолго време е дел од фолк естрадата, и професионално со музика се занимава веќе неколку години.

Нејзината професија низ годините налагаше се почесто таа да движи на релација Куманово - Охрид и обратно. Но, музиката не е само музика ако не подразбира спој со интелектуалната елита, изненадувања и по некое искрено пријателство. Ади верувајќи во себе не се откажа од своите цели градејќи ја кариерата, па затоа таа одлучи од неодамна да се пресели во Охрид, кај што непрестано работи и паралелно ужива во ентузијазмот на музиката и пријателите. Ади започна да зафаќа се поголеми чекори, таа реши сама да се избори против физиката и сите правила на природата во денешно време, и да докаже дека вистинско пријателство сепак постои, иако повеќето мислат дека тоа е само фарса. Ади и нејзината најдобра другарка Ели кои потекнуваат од Куманово одлучија заедно да се преселат во Охрид и да уживаат во убавите афинитети кои им се пружени од професијата, луѓето и се околу нив. Тие веќе некое време заедно живеат во Охрид и се неразделни, односно делат се, почнувајќи од најосновните до најважните нешта, биле тоа материјални или морални, односно психички. Но, кога сме веќе кај тоа, да не подзаборавиме дека и покрај сите сличности по кои се препознаваат сепак постои нешто што е различно за секоја од нив, нешто кое што всушност уште повеќе го зајакнува нивното пријателство, а тоа се емоциите кон една иста личност. Не би сакале да навлегуваме во приватноста на Ади, но целта ни е да појасниме со факти дека Ади победи во побивањето на теоријата дека пријателство никогаш не постоело. Таа веќе некое време е во љубовна романса со шармантен, згоден и привлечен дечко кој моментално е нејзин сопатник, а разликата кај овие две најдобри другарки кои воедно се и како сестри е таа што тој е само еден, а сепак секоја од нив поединечно го гледа со вистински очи, на вистински начин како што и им доликува. Ади го гледа далеку поемотивно, со повеќе жар и неизмерна љубов, а Ели го гледа како вистински пријател и потенцијален другар, како човек кој заслужува пријателска, морална и било каква друга поддршка, освен емотивна. На Ади - Андријана и посакуваме успешна кариера, и да продолжи вистинското пријателство, а се друго ќе си дојде само по себе.

18 февруари 2015 - 14:26