9 непроценливи совети на Баба Ванѓа за правилна исхрана! Зошто треба да јадеме "бела храна"

Текстот во рубриката Стигнавме на дното е преземен без интервенции од порталот Актуелно 24.

 


Сите совети на Баба Ванѓа се со непроценлива вредност. Се што кажала таа некогаш денеска се остварува. Еве што таа вели во однос на човековата исхрана. 

1. Кога седите да се храните, допрете го јадењето прво со раце. По прстите има рецептори, кои ќе му помогнат на желудникот да се здобие со точна претстава за работата која го очекува и да ги одвои потребните материи за разградувањето на киселините. Немојте се да јадете со раце – мајмуните исто го прават.

2. Допрете го лебот – од месење до јадење. Тој е света храна, во која треба да се ужива со сите сетила. Подобро скрши го, а не го фрлајте. Така и гестот на подавање на лебот на друг ги зближува лугето.

3. Немојте да сте диета, само ако сте несреќно вљубени – сите ваши маки да ги симнете килограмите ќе бидат неуспешни, предупредува пророчицата.

4. Никогаш не јадете на нога. Од една страна храната секогаш има потреба од почит, од друга – кога се храните, а јадете побрзо, го џвакате помалку секој залак и го оптоварувате стомакот. А сите знаеме дека брзото јадење води до дебелеење.

5. Земајте овошје и зеленчук, само колку ви требаат. Кога собирате плодови од Мајката – Природа, мислете дека таа не раѓа само за вас, туку и за сите ваши чеда, па немојте да сте себични и оставете да има и за другите.

6. “Не мојте да работите друго нешто додека готвите”, вели Ванѓа и објаснува дека кога правиме храна за себе и ближните, треба да сме целосно посветени на работата со која сме се зафатиле.

7. Пророчица советува барем еднаш неделно да се јаде жито и да се пие водата во која се вари житото, бидејќи на тој начин го прочистувате тело и духот.

8. Не прејадувајте, вели Ванѓа и објаснува дека ако човек беше формиран да прејадува, требаше да има два стомака. Пред јадење таа препорачува да се пие по 20-30 грама ракија.

9. Белата храна е здравје. Јадете повеќе од јадења во бела боја и ќе почувствувате како природата ве лекува.

2 декември 2014 - 16:52