Текстот во рубриката Стигнавме на дното е преземен без интервенции од порталот Бабин лек.
Петар Живановиќ е еден од учесниците на состанокот кој ги собира заедно младите луѓе од поранешна Југославија кои го победиле ракот. Дваесетгодишното момче ја победи леукемијата
– Имав 13 години кога открија дека боледувам од леукемија. Оној ден кога ме задржаа во болница требаше да го одржам својот прв концерт на хармоника на кој не ме пуштија лекарите. Бев очаен. Првите денови докторите не сакаа да ми кажат што ми е се додека луто не ги запрашав. Kога го слушнав зборот леукемија, само се запрашав зошто баш јас.
Вака Петар од Белград ја почнува својата тешка приказна, но со среќен крај.
– Знаев дека не ми преостанува друго, освен да се борам. Почнав да се интересирам за својата болест, им досадував на лекарите со моите прашања, барав да слушнам за секој детаљ. Никогаш не плачев, туку се смеев, ги бодрев другите и свирев на мојата хармоника. Со мене беа две многу тажни и повлечени девојчиња. Kога дојдов во болницата, живнаа, се променија. Давав се од себе да останам ведар и да се тешам дека ништо лошо не ми се случува – се присетува на тешките денови Петар.
Неговото макотрпно лекување траело две години, по лекувањето, првото нешто што го направил – отишол на светско натпреварување за свирење на хармоника и таму на сите им покажал колку вреди.
– По две години пекол, бев излекуван! Прво што сторив беше она за што се подготвував цело време додека бев болен, а тоа беше светски натпревар за хармоникаши. Тоа беше во Хрватска, учествуваа музичари од 100 земји, а таму го освоив првото место. Бев неизмерно среќен.