Време на подготовка:
10 мин.
Време на готвење:
40 мин.
Вкупно време:
50 мин.
Порции
15 парлиња
Состојки
200 гр. чоколадо црно
100 гр. чоколадо
250 гр. путер
400 гр. кафеав шеќер
4 јајца
140 гр. брашно
50 гр. какао
200 гр. замрзнати малини
Подготовка
Загрејте ја рерната на 180 степени. Во тава за печење (20×30 цм) ставете хартија за печење. Извадете ги малините во еден сад да се одмрзнат.
Во тенџерче растопете го путерот, шеќерот и чоколадото и тргнете го на страна. Додадете ги јајцата во растопеното чоколадо, едно по едно и убаво промешајте. Потоа во смесата додадете ги брашното и какаото и промешајте. Промешајте ги и половина од малините. Истурете ја смесата во тавата и распоредете ги одозгора останатите малини. Печете околу 35 минути. Потоа оставете да се излади и исечете го колачот на коцки.