Летни закуски

Зачинет леб со лук

Одличен за комбинирање со разни видови на макала.

Време на подготовка:
5 мин.

Време на готвење:
10 мин.

Вкупно време:
15 мин.

Порции

4 лица

Состојки

  • 2 лажици путер
  • 2 чешниња лук
  • 2 лажици свеж магдонос, ситно сецкан
  • 1 лажичка оригано
  • 4 парчиња леб
  • сол и бибер
  • маслиново масло

Подготовка

Загрејте ја рерната на 200 степени.
Во мала тава загрејте го путерот на среден оган. Додадете го ситно сецканиот лук и пржете го 1 минута со постојано мешање. Потоа додадете ги магдоносот и ориганото и добро промешајте.
Наредете ги парчињата леб на плех за печење. Премачкајте ги рамномерно со смесата од путер, лук и зачини. зачинете ги со сол и бибер по вкус.
Печете ги во загреаната рерна околу 5 минути додека краевите од лебот да добијат кафеава боја.
Послужете ги топли зачинети со маслиново масло.

24 јули 2012 - 07:00