Салата или ручек

Пилешка кари салата

Имате остатоци од печено или варено пилешко месо? Оваа рецепта ви дава одлична идеа како да ги искористите.

Време на подготовка:
10 мин.

Време на готвење:
5 мин.

Вкупно време:
15 мин.

Порции

2 лица

Состојки

  • 70 гр. мајонез
  • 70 мл. јогурт
  • 2 лажички мед
  • 1 -2 лажици лимонов сок
  • 1/4 лажичка ѓумбир
  • 1/4 лажичка сол
  • 2 лажички кари
  • 100 гр. исецкан млад кромид
  • 220 гр. варено или печено пилешко, исецкано на коцки
  • 220 гр. јаболка, исецкани на коцки
  • 50 гр. печени бадеми, крупно сецкани

Подготовка

Измешајте ги во блендер мајонезот, јогуртот, медот, лимоновиот сок и младиот кромид. Потоа додадете ги сите зачини и продолжете со блендирање додека да добиете хомогена смеса. Во еден сад измешајте ги добро пилешкото, јаболката и смесата што предходно ја подготвивте. Салатата оставете ја во фрижидер додека да ја послужите.

Сецканите бадеми се додаваат пред сервирањето.

28 мај 2012 - 07:00