Паљото за Битола

Не се мешаме во изборната понуда која ќе ја видите во рекламниот простор на нашиот сајт (а таму ќе се најдат сите кои биле доволно паметни да закупат простор), ама па и ние сме луѓе, плус наш е сајтот и затоа, без ич да ни чуе, си даваме право на наши фаворити и изборни миленици. На самиот почеток на оваа кампања, го издвојуваме уникатниот лик од Битола, надалеку прочуениот Шварценегер од Широк Сокак, Паљото, и неговиот прв спот кој може да оди под работен наслов: "Паљото е мајка на знаењето".

Словенија го слушна Талат

Словенечка телевизија прави прилог за немирите во Скопје, предизвикани со назначувањето на Талат Џафери и сè што потоа следеше. Фино, балансирано и неутрално, сè додека не дојде време да проговори - Талат Џафери. Гласовите ги позајмија - Бранко од К-15!? Ако не е дубара на некој локален сеирџија монтажер, тогаш ќе заќутам од смеење!