"Чуму музика?" е слоганот на дечките од "Сајлент звук" кои се зезаат со она што во последно време е вирален интернет штос: како изгледаат музички спотови без музиката. Ги имаме Владо Јаневски и Каролина Гочева.
Сочи 2014, точно 30 години откако Олимпијада за последен пат била во источна Европа. Сараево 1984-та година, Требевиќ. Своевремено собра 30.000 луѓе за да гледаат санкање (и бобање), потоа дојде 91-ва, а денес изгледа вака.
Се работи за некакво чудесно средство од кое расте коса кое наголемо циркулира по балканскиот интернет. Се разбира дека косата и паѓа и расте на сите делови од планетава. Но, не значи дека и интернет коментарите мора да бидат идентични, дадени од истите ликови, само со други имиња. Да ви покажеме:
Песната на Драган Каранфиловски Бојс сама по себе веќе е химна во префинети македонски кругови во кои таа со задоволство се пее во чест на љубовта, во спомен на реумата и во знак на човековата победа над ајкулата. Но, Валерија не е девојка од вчера. Таа порано се движела малку побрзо и била нешто поведро облечена од онаква каква што ја знаеме. Реумата и ајкулата си стојат. Епски спојлер: Валерија е од Сараево.