Ајд' полако!

Мантрата против Калина (назад, назад) адаптирана за изборите во Црна Гора. Чисто предизборно и за јачање на нацијата, во спотот има и Црногорец што физички работи.

Како да знаеш дали си во кафана

Без да навлегуваме во тоа како укинувањето на пушење цигари во кафани, ги наполни кафаните со дечурлана животно неподготвена за оваа установа, еве сликовито како да разликуваш кафана од позерај. Плус неколку хинтови: не е кафана ако постојано фрчат блицови, ако мора да се резервира, ако ракијата е лоша и скапа, ако има девојки во миничи, ако има Фејсбук страна и најважно - не е кафана ако газдата не е најјак.

Ева, сонување музика

Ева Куциновска како мала сакала да свири усна хармоника. И научила таа да свири меѓутоа живеела со баба која и забранувала да губи време со тоа. Денеска Ева има 79 години. И го има Јован да ја прати на гитара.