Банкарски огномет

Ексклузивна снимка од седница на Управниот одбор на една македонска банка на која се донела одлука да се слави со огномет. Еден бил против. Многу против.

Каде е, што прави? (едит: го најдовме)

Снеможени од тенката политичка понуда, заглавивме по архиви барајќи потенцијали кои сме ги пропуштиле а можеби заслужуваат втора шанса. Најдовме, за Гевгелија. Еве каков талент тој град пропуштил.

Жените се криви!

Опис на состојбата: Луѓето се жртва а жените полудеа. Пресуда: Жените се криви. Зошто? Пушат, пијат, се дрогираат, ко крави невоспитани. Чаре: Да се ишамараат и со стап по газот, како некогаш што беше.

Monty Python: Life of Ace

Не, не е тоа. Ова е многу полудо. Македонци во Мелбурн направиле преработка на традиционалното оро со античка кореографија, се вика 'Александрово оро'. Браќа прекуокеански, сакате да гласате? Може, ако донесете од тие дрогите. Не, озбилно, нè дупат ли овие?