Дедо Петар го најде Јуда

Едно видео од македонска црква во Австралија, колку да видите до каде се тие луѓе непотребно поделени, раскарани и закрвени. Главниот ИТ владика на МПЦ, човекот кој е жесток противник на сите технологии измислени после неговиот мобилен телефон, набркува човек од служба нарекувајќи го Јуда. Како денес се познава Јуда? По апаратот. Сè на сè, тажно. Ти доаѓа да ја жалиш.... австралиската полиција.

Поп на денот

Наводно се работи за црногорски свештеник од еден манастир близу Будва кој е познат по духовни предавања кои луѓето масовно ги посетуваат. Да не речеме, навлечени се на нив. Кратко сиже од богослужбата: Небото над нас е затворено, водата е прескапа... и тоа не е сè.