Кулинарика е хрватски сајт популарен на просторите на екс ју (нема човек што се вртка во кујна а да нема наидено на него) а таму македонските домаќинки знаат достојно да ги бранат боите и вкусовите на нашата кујна. Освен кога, како во следниот рецепт, не го оставаат просечниот познавач на хрватско - српскиот јазик со блага вртоглавица додека мозга што ли значи упатството: "Se sucat korite se redat na stol. Posleden se suci najveci..."