10 реда за чичко Љупчо

Понеделников (05.09), додека шиба блуз на неговиот Џез ФМ, замина Љупчо Хаџи-Стефанов. Хевивејт џентлмен и стара скопска коска, мичуринска.

Дик се одјавува

Со ќеиф ги читавме и ги споделувавме неговите записи од Америка бидејќи дечкото пишува онака како што сакаме да читаме: разиграно, шарено, со фина драматика а без потење. Првата сезона е заокружена. Што значи дека ќе има и втора.