Скопје како победник во трката меѓу Кенеди и Хрушчов

Западниот свет не може да сѝ дозволи Советите да бидат најголемите уметнички донатори на Скопје. Францускиот филозоф Жан Пол Сартр упатува драматичен повик кон западниот свет да му помогне на Скопје. Прв на овој повик реагира Пабло Пикасо.

Мотивационен говор на погреб

Се памти погребот на Тито, се памти погребот на леди Дијана, се памти погребот на Муфаса, ние за век и вјеков ќе го памтиме погребот од Маратонци („Њему се не исплати да излази одатле“), ама одамна не нè освежила ваква неочекувана реплика кажана на погреб, во друштво на ожалостени. Што добро да му се најде на човек кој штотуку го напуштил овој свет а на кој сите присутни добро му ги познавале овоземните мани?

Бози против Ози

Ова е Ози на ваши години, а вие ај сега качете се на електричните тротинети и трк по безглутенски вејп со вкус на естрогенска малина и органски пудинг од чија за ручек. И да, зборувајте уште погласно и исклучиво на звучник по телефон, дур возите со тротинетите ко да имате 65 IQ по улица, баш не интерeсира тој англиско-ресенски сите околу вас.