Босанско хорор лето

Преработка на Summertime од босанката Хана Ковачевиќ. "Знам дека сум чудна. Извинете што не гледам во камерата бидејќи го следам текстот на друг монитор. п.с. намалете тон, има врескање. п.п.с. на крајот скроз зезнав", наведува Хана во описот на клипот.
п.с Хана е самокритична.
п.п.с. Хана е премалку самокритична.

Тино ги враќа Бугарите на прав пат

Македонија на Бугарија секогаш ѝ го давала најдоброто од себе. Така било некогаш, така е и сега. Особено сега. Затоа што... заслужуваат.

Кога Дојран звучеше како Хаваи

Кратка видеоприказна за гевгеличанецот Илија Џаџев (1926 - 1991), професор по географија и музичар. Претпладне ја шетал едната публика низ светот, попладне на друга публика ѝ носел дел од тој свет.