Поучна, за фестивалот на кој годинава Архангел, Кирил Џајковски, Санаториум, Фолтин и Чиста околина за првпат ќе настапат на иста сцена. Браво бе Таксират, и општо и конкретно.
Македонец ќе најде место храбро да порача "Шиптарите да си одат во Албанија". Храбар Албанец на истото место ќе му врати дека Македонците треба да си одат пошто ова било Албанија. И двајцата слепи за тоа кој "медиум" можат да си го приуштат за "дебата".
Предизборни претставувања 2016-та година. Сите пробуваат во ограничениот термин да кажат што е можно повеќе. Не и тој. Тој умее да застане, да се сопре себе, да го сопре времето, да направи таква напната драмска пауза што неговите финални зборови ќе одекнат како епифанија! Предизборен настап кој (не) се заборава. Кице Мицко за прецедател!!!