Ова им е реколта 2016, и има сè: чурук албански невести, освестени гласачи што знаат дека ги лажат за избори, надлежните институции и водителки комада 3.
Замина еден од последните стари мајстори на новинарството кој пишаниот збор го плетеше со педантност на филигран. Беше врвен дескаџија и предобар човек. Ја издржа за него лошата 2016-та и почина во првите денови на 2017-та, веројатно само за да не умре со сите други. Оти Владо секогаш беше башка.
Девојче од нашиот исток има проблем со компјутерот. На една партиција ѝ оставиле само 100 гига а нејзе и требаат барем 500 за нејзините клипови. Ова е сосема доволно за да посакате да ѝ помогнете. Тек кога ќе го сослушате проблемот на милозвучниот бугарски јазик. А најтек кога ќе видите кој го има проблемот и за какви клипови веројатно помагате.