Не се ремети човек кога носи бурек

Саша Лошиќ од Плави оркестар („Путеру, путеру“ и други мега хитови) раскажува за својата прва средба со легендарниот словенечки креативец, музичар, перформер, уметник и политичар Марко Брецељ од Булдожер. Лошиќ му пристапил и љубезно му кажал дека тој многу влијаел на неговата кариера, дека нивната прва плоча му го одредила животот.... Нескротливиот Брецељ одговорил кусо и прејасно.

Приказната за Шериф Коњевиќ

Занимливо е како ги започнале своите музички кариери еден Леонард Коен, Деби Хари, или, да речеме, Сузан Бојл. Меѓутоа, ниедна таква приказна не ѝ е до колена на онаа за босанскиот народњак Шериф Коњевиќ. Да чуете како одел како получовек - полуживотно кога се спуштил во Сараево, како ги развил своите гласни жици и што му се случило на човек кому Шериф еднаш му платил кафе. Нараторот, генијален мајтапџија!

Битолски Топ-шоп

Аууу, колку труд е овде вложен...

Правда за конопот

Запрашајте се кој има интерес да ги заштити растенијата од штетници не со коноп, туку со хемикалии. Запрашајте се кој има интерес да не го прочисти воздухот со коноп. Запрашајте се кој има интерес да сече хектари шума. Запрашајте се кој има интерес коноп да не се користи во индустријата и технологијата, дури и во медицината?

За таа цена, во Охрид нема ни да ти го сомелат

Цена на кафе (1,2 евра) во прекрасното италијанско место Гарњано, на западниот брег на Лаго ди Гарда.

Да го бараме Ѓоковиќ во училниците

Вредна професорка држи вредни лекции и кога е распуст. Вели дека проблемот настанал кога тие биле сведени на просветни работници, по што сè повеќе се заборава дека тие треба да бидат просветители. Оние кои ќе негуваат и бодрат критичко мислење, оние кои ќе бидат добри не затоа што ставаат петки туку затоа што знаат убаво да објаснат зошто ставиле двојка.