Она што нè снеможува

Без разлика која опција овде ќе победи, кој ќе направи влада и сличните големи теми и дилеми, ние и после тоа ќе останеме овде со истите луѓе. 

Така е, жено златна

Дочекавме Боки 13 да стане политички аналитичар, ама ќе дочекаме ли да запалиме цигара на шанк?

Бугарски пцости и мајки-шајки

Не можете да запознаете еден балкански јазик ако не му ја знаете неговата најразвиена гранка. Согласно нашата мисија, доаѓаме и до оваа битна лекција од бугарскиот. Пред да испрашуваме екстерно, најзабавно е да вежбате интерно. Пример: после секое куртоазно кажано „добар ден“ на некој не баш најдраг комшија или познајник, во себе изговорете „Пожелавам ти да полyчиш анален диcкомфорт“:

Време е за Ристо од Торонто

„Јас сум Ристо Петревски, најсилниот маж од Македонија“, вели Ристо Петревски, најсилниот маж од Македонија. А освен што е најсилен, Ристо знае географија подобро од Влатко Ѓорчев. Кога те бива, те бива.

Та не сум саде јас, та не сум саде тука!

Генијална автентична сцена од нашиот телевизиски етер. Кај Блажевски, се јавува гледачка и кажува што мисли. Веднаш потоа стигнува и поддршка од „истомисленичка“! Заебавајте се, ама вака звучат и некои „дебатни“ емисии кај нас.

Кога (српскиот) јазик е побрз од умот

Во времиња кога човек не знае дали е поургентно да се сочува јазикот или умот, да освежиме со примери од секогаш сочната српска сцена. Ама зошто баш од Србија? Затоа што не е од Финска.

Пазете наслов на македонска народна песна

Живееме во тешка постмодерна. Степенот на кој овде сè е испомешано достигнува невидени, бравурозни висини. Во други околности (и со други нерви), есеј ќе напишевме за ова. Ама ние веќе сме седнати на софра, паднати во севдах и само чекаме ова да ни го пуштат за - како што е ред - да си зачукаме флаша во глава.  Ајде Виданка, уште еднаш онаа, нашата!

Манифест на едни посакувани избори

Некој да преведе, некој да се нафати да снима и најважно од сè, луѓе да се нафатат така да размислуваат и да гледаат на работите. п.с. А овој што ќе победи, после да не испадне говно.