Македонците на Сремски фронт

Овде уште постојат кругови спремни да се објаснуваат како Тито нè заебал што не сме тргнале на Солун туку на Сремски фронт (ха! тоа го зборуваат генерации кои дозволија да им го сменат името на државата и да им ги избришат одлуките на АСНОМ од уставот). Нека ги. Наше е, за сите македонски партизани кои заминаа да се тепаат со Германци и усташи, да кажеме - СЛАВА ИМ.

Балканска економија за почетници

Просто а убедливо објаснување како функционира српската економија, при што не сме убедени дека тоа важи само за Србија. Меѓу другото има и едно логично објаснување зошто постојано расте цената на станбениот простор. Парадоксално е што ако запре шемата на една таква економијата која се темели на кредити, субвенции и корупција, дури тогаш рикнува сè.

Кај што нема дим има Вучиќ

После сендвичите со паризер, вртењето палачинки (едно време спасуваше детe од меќава, памтите?), српскиот претседател Александар Вучиќ продолжува со ПР-от дека е човек од народот. Посетил некои тетки во кујна за да им ги проба погачите и да им го мирисне пекмезот. Некои забележаа дека иако печките се на дрва, ниедна од нив нема ќунк. А може работат на литиумски батерии? Јаки чуреви, што би рекол Антонио.