„Ма какав парсли!“ во Македонија

Balkan Dad, дечкото со рецептите, балканизиранот англиски јазик и редовната одбојност кон магдонос (пошто тоа е за зајци) дошол во Македонија. Го пробал стандардното свето тројство (симит, бурек и пастрмалија), редовниот бонус (падобранци во Ригара) и неизбежното тавче гравче. Да видиме. 

Боро - мајсторе??

Има погреби на кои се молчи, има погреби на кои се плаче а има и такви на кои богами се пее. Овие што дојдоа на последното испраќање на Бора Чорба во неговиот роден Чачак, со аплаузи, навивачки му скандираа „Бора, мајсторе!“ ??? Небаре се одушевени од неговиот последен потег во животот. Јбг, каква публика одгледуваш, такви ќе те жалат.

Пешкирите на Полихроно

Добро, за да стигнеш до таму можеби ќе треба да чмаеш три, четири, пет... часа по граници, ама па затоа, кога ќе стигнеш таму, имаш слобода вечерта да ја искористиш за оставање пешкири и рогозини по плажа (со пар камења на нив, да не ги оддува ветар) за да имаш каде утредента да легнеш. Штета што уште не им текнало со килими. Ама ок, големи сте, вие си знаете.

Албанија и поинаку станува запад за нас

Во Македонија луѓето, а особено младите, не гледаат никаква светла перспектива и масовно се иселуваат. Во Албанија пак, гледаат убава перспектива, а на работата во странство гледаат само како на можност за печалба, заради започнување нов живот во татковината. Разговарајќи со повеќемина млади Албанци од Албанија, дознав дека секој млад човек до 30-тата година има заработено за стан и кола.