Едно од најдобрите парчиња од оние (сумарно - траљави) документарци кои до неодамна беа масовно финансирани. Сцените се автентични, за разлика од нашите визионери кои нè убедуваат дека мора да ја прифатиме реалноста. Реалноста? Чисто за потсетување на тоа како изгледала реалноста на Македонците кога Грците беа оставени да ја решат нивната судбина.
На жителите од улица 21 во населбата Волково повторно им се потребни гумени чизми, гуми за пливање, педалинки и пераи за да можат да појдат до продавница, на училиште или на работа.
Ама стварно е неверојатно колку пластика оди по тоа Вардарот. Не-ве-ро-јат-но. Човек да помисли дека Вардар не тече затоа што му се тече, туку затоа што му се бега од нас. Просто е неможно цел овој куп да се прави човек по човек, или па да чекаме дрон и за ова?
Лерински села, 2017-та. Пичат ора и македонски песни. Похрабро од еден куп активизам во Фиром, али јбг, овде на млади не им е кул, јер нема Че Гевара маици и RATM музика.